Шок за Баерн Минхен: Нојер во „аут“ до 2024 година

По само еден ден откако го продаде Јан Сомер на Интер за околку седум милиони евра сметајќи дека голманот не е на посакуваното ниво, а во Маунел Нојер се уште има квалитет да биде „број еден“ на голот, Баерн Минхен доби разочарувачки вести од лекарскиот тим.

Легендарниот германски голман нема така лесно да ја намине повредата и нема повторно да биде на теренот за неколку седмици. Нојер се соочува со нови проблеми со коленото поради кои мора да замине на операција која ќе го оддалечи од теренот во следните месеци.

Враќањето на Нојер се предвидува на почетокот на 2024 година, а дотогаш баварците ќе можат да сметаат само на услугите на Свен Улрих доколку во следните 20-тина дена не донесат ново засилување.

Повредата на Нојер ќе ги забрза преговорите за нов голман, а најблиску во моментов се наоѓа Давид де Хеа, кој е слободен играч по истекот на договорот со Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...