ШОК за Барса: Ансу Фати го повреди коленото!

Барселона прескапо ја плати денешната победа над Бетис откако беше обелоденето дека Ансу Фати заработил тешка повреда поради која младиот офанзивец ќе мора да отсуствува подолго време од терените. Фати беше заменет на полувремето со Лионел Меси, иако се веруваше дека промената е од тактичка природа последните информации говорат дека шпанскиот репрезентативец се пожалил на болка во коленото.

Деталните прегледи кои биле извршени веднаш по мечот донеле лоша вест за каталонскиот гигант…

„По прегледите врз Ансу Фати по натпреварот со Бетис утврдено е дека станува збор за кинење на дел од медијалниот менискус во левото колено“, објави Барселона на официјалната веб-страница.

Должината на паузата не се обелоденува, но речиси сигурно е дека Фати нема да може да се врати на терените до крајот на годинава.

Се вчитува...