Шок за Барселона: Судот ја одби жалбата, Гави останува без договор

Судот во Шпанија донесе одлука која делуваше шокантно за Барселона. Ла Лигата во минатите месеци ја поништи регистрацијата на нивниот играч Гави. Го тужеа каталонскиот гигант и Судот донесе одлука дека регистрацијата е неважечка, и го поништи договорот кој 18-годишникот го потпишал.

Во клубот не чекаа многу, и веднаш подготвија жалба, но денеска стигна информација дека Судот ја поништил жалбата, и ситуацијата околу договорот на Гави не се промени.

Младиот фудбалер во моментов се води како играч без регистрација, и тоа би можело да направи проблеми на Барселона во финишот на сезоната каде што јуриша кон титула. Така каталонскиот тим сега има рок од 12 дена да се обрати во Судот во Каталонија и да почека нивната одлука.

Челниците на Ла Лига претходно ветија дека ќе се борат да се поништи регистрацијата на Гави. Успеаја да ја оспорат, но и тие сега ќе ја чекаат одлуката на Судот.

Управата на Барселона сега ќе мора да поработи на платната листа на играчите, во спротивно би можела да остане без неколку првотимци.

Се вчитува...