Шок за европскиот првак во Подгорица, Будуќност го урна Реал Мадрид

Актуелниот шампион на АБА лигата Будуќност го победи европскиот кошаркарски владетел, Реал Мадрид со 73-60 во дуелот од 19. коло во Евролигата.

Исклучително мотивираните кошаркари на Јасмин Репеша одиграа одлична одбрана, особено во првото полувреме во кое Реал постигна само 28 поени.

Реал Мадрид се консолидираше во второто полувреме, но беше далеку од комплетен пресврт, со што Будуќност дојде до петтата сезонска победа во најсилното кошаркарско клупско натпреварување на континентот. Црногорскиот тим има 14 порази и е претпоследен на табелата. Реал кој го доживеа само четвртиот пораз е второпласиран зад лидерот Фенербахче кој има само еден неуспех.

Во триумфот на Будуќност најефикасен беше Норис Кол кој постигна 14 поени, додека кај Реал Мадрид прв стрелец беше Серхио Љуљ со 10 поени, а беше и единствениот со двоцифрен ефект кај бранителот на европскиот трофеј.

Се вчитува...