Шок за Ѓоковиќ во Монте Карло – eлиминиран од 46. тенисер на светот

Новак Ѓоковиќ е поразен и елиминиран од Алехандро Давидович Фокина на стартот на турнирот во Монте Карло со резултат 2-1 (6:3, 6:7 и 6:1). Ова беше прв настап на после два месеци неиграње, но се чини дека долгата пауза остави трага.

Од почеток Ѓоковиќ беше надвор од ритам, што брзо почна да се гледа и на семафорот. Моментално 46. тенисер на светот ја искористи секоја грешка на Србинот, и освојуваше поени во серија.

Во првиот сет дојде до предност од 6:3. Можеше Шпанецот Давидович Фокина да дојде до победа и во вториот сет, но Ѓоковиќ го доби по многу борба во тај брејкот. Во последниот сет Ѓоковиќ загуби на сервис уште на стартот. Тоа беше и клучно, затоа што неговата игра се распадна, па Давидовиќ Фокина го искористи тоа и го доби со 6-1.

Следниот предизвик за Шпанецот е победникот од дуелот Давид Гофен – Даниел Еванс.

Се вчитува...