Шок за Халанд и за Борусија Дортмунд

Ерлинг Халанд не се појави во стартниот тим на Борусија Дортмунд за вечерашиот натпревар против Лацио, по што „милионерите“ ја соопштија лошата вест – Норвежанецот заработил повреда што нималку не е наивна. Поточно, станува збор за кинење на мускул во ногата, поради што најдобриот стрелец на „милионерите“ ќе мора да мирува целосно еден месец, а камбекот на терените може да го очекува за околу шест седмици.

Ова значи дека Халанд ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на годинава, како и големото дерби со Лајпциг на стартот од 2021 година.

Останува да се види како ќе се снајдат „милионерите“ во отсуство на својот најдобар фудбалер, кој сезонава веќе постигна десет гола на осум одиграни натпревари во Бундес-лигата.

Се вчитува...