Холандија ќе биде значително ослабена за претстојниот мундијал откако Јуриен Тимбер отпадна од комбинација за овој светски шампионат.
Десниот бек на Арсенал подолго време се мачеше со незгодна повреда. Тој беше вклучен во тимот на „топчиите“ за финалето од ЛШ против француски ПСЖ, по што селекторот Куман реши да го вклучи и во својот список за националниот тим. Сепак, во изминатите десетина дена од подготовките беше јасно дека Тимбер е далеку од посакуваниот ритам, ризикот од нова повреда беше преголем, па вечерва беше соопштено дека тој по пријателскиот дуел со Узбекистан ќе го напушти таборот на „лалињата“.
Интересно, селекторот Куман реши на негово место да не го повика Фримпонг од Ливерпул, давајќи му шанса на Гертруда, поранешниот фудбалер на Феенорд кој ланската сезона ја мина во Сандерленд.
Ова е поледната во низата главоболки на Куман за одбранбената линија откако претходно остана и без Де Лихт и Де Фрај, па останува да се види кој ќе му прави друштво на капитенот Ван Дајк во срцето на одбраната на „лалињата“ на овој мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
