Ливерпул игра потпросечна сезона за своите стандарди, јасно е дека летово ќе следи дополнителен ремонт во играчкиот кадар, но Вирџил ван Дајк ги шокираше навивачите, меѓу редови најавувајќи уште две заминувања од „Енфилд“.
Имено, капитенот денеска објави фотографија со посвета: Благодарен на нашето заедничко пастување. Уште еден меч за крај и испраќање какво што заслужувате.
Прикладна порака од капитенот за Мохамед Салах и за Енди Робертсон, кои како слободни играчи ќе си заминат од Ливерпул. Само што, навивачите се во шок бидејќи на истата фотографија се наоѓаат и првиот голман Алисон Бекер, како и дефанзивецот Џо Гомез.
За двајцата уште пред извесно време се шпекулираше дека би можеле да си заминат, Алисон е поврзуван со Јувентус, за Гомез интерес има од Милан и од неколку премиерлигаши, па по се изгледа и овие двајца искусни фудбалери ќе се придружат на егзодусот од „Енфилд роуд“.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
