Шок за Нојер: Флик не му го гарантира местото во репрезентацијата

Селекторот на германската репрезентација Ханс Флик, изјави дека не може да му го гарантира местото на првиот голман Мануел Нојер во националниот тим.

Нојер не е во моментов прв избор за Германија поради повреда, но и кога ќе се рехабилитира можно е да не брани за својата репрезентација.

„Сакаме Нојер да се врати, сите го сакаме тоа. Што се однесува до репрезентацијата, морам да кажам дека Тер-Штеген со националниот тим и со Барселона направи многу добри работи“, додаде Флик.

37-годишниот Нојер заработи тешка повреда на коленото на скијање во Австрија за време на зимската пауза. Нојер се надеваше дека 100% ќе биде подготвен на почетокот на подготовките за Баерн, но неговата рехабилитација не тече според планираното. Се очекува да се врати за 1-2 месеци.

Се вчитува...