Шок за ПСЖ: Баерн не го пушта Нагелсман без 10 милиони евра

Јулијан Нагелсман начелно се договори со ПСЖ да стане нов тренер на „светците“ од наредната сезона, веќе разговара и со Тиери Анри за француската легенда да му биде прв асистент во стручниот штаб, но целиот трансфер би можел да пропадне откако Баерн Минхен јасно стави до знаење дека нема намера да го ослободи Нагелсман од договорот што го има со младиот стратег.

Баварците пред два месеци му врачија отказ на овој тренер, но не го раскинаа договорот со него, продолжувајќи да му ја исплаќаат платата што му следи според договорот. Целта е јасна, кога Нагелсман ќе најде нов ангажман, Баерн ќе настојува да добие што повисока отштета, во спротивно овој тренер ќе остане без работа да зема плата од актуелнито првак на Германија. Баварците се свесни дека за овој стручњак владее сериозен интерес од бројни клубови ширум Европа, поради што инсистираат на отштета од 10 милиони евра.

ПСЖ од друга страна не сака ни да чуе да плати отштета во период во кој на пазарот има бројни врвни слободни тренери. Ставот на францускиот гигант на оваа тема е дециден, што е сериозен проблем за Нагелсман, кој ќе мора самиот да ја покрие оваа сума ако сака да добие зелено светло за заминување од актуелните газди.

Се вчитува...