Шок за Реал: Џирона го освои „Сантијаго Бернабеу“

Победничката серија на Реал Мадрид неочекувано беше запрена денеска, на дуелот на домашен терен против Џирона на кој „кралскиот клуб“ важеше за супер-фаворит, но претрпе пораз од 1-2.

Сантијаго Солари се реши за неколку промени во стартниот тим, но и со комбиниран состав поведе со 1-0 со голот на Кашемиро. Марсело погоди за 2-0, но тој гол бееше поништен поради офсајд, за гостинскиот тим да изненади со фантастична игра во второто полувреме.

Џирона израмни преку Стуани во 65. минута од пенал, откако Рамос играше со рака пред својот гол и доби само жолт картон. Гостите потоа го погодија дирекот од голот на Куртоа, за во 75. минута преку Порту да ја комплетираат сензацијата на „Сантијаго Бернабеу“.

За проблемите да се ште поголеми, Рамос во 90. минута заработи и црвен картон откако во обид за ножички удри во главата еден гостински фудбалер. Најубавата шанса за израмнување во 95. минута ја пропушти Куртоа, кога голманот на Реал се пресели во противничкиот шеснаестник и со глава шутираше сантиметри крај левиот дирек на Џирона.

Реал Мадрид по денешниот пораз падна на третото место на табелата, со девет бода заостанување зад Барселона и „минус два“ во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...