Шок за Реал Мадрид пред дербито: Бензема го пропушта „Ел Класико“

Реал Мадрид ќе биде видно ослабен во дуелот со големиот ривал Барселона, откако е јасно дека нема да може да смета на услугите на Карим Бензема. 34-годишниот напаѓач кој е најдобар стрелец на „кралеците“, не успеа да се рехабилитира од повредата добиена на мечот со Мајорка минатото коло.

Францускиот напаѓач на тој меч доби повреда, поради која го пропушти вчерашниот тренинг на екипата.

Останува да се види како ќе реагира тренерот Карло Анчелоти. На последниот меч со Мајорка на клупата го немаше ниту Лука Јовиќ, кој се помалку добива шанса и е на излезна врата од таборот на лидерот на табелата во Ла Лига.

Дуелот помеѓу Реал и Барселона се игра утре во 21 часот по македонско време.

Се вчитува...