Шок за Робињо: Доби девет години затвор во Италија

Поранешниот играч на Милан, Бразилецот Робињо, е осуден на деветгодишна затворска казна во Италија, откако низ судски процес е утврдено дека е виновен за силување на млада 22 – годишна девојка од Албанија во диско во Милано во 2013 година. Тој е еден од шестмината обвинети во овој процес.

Одлуката е правосилна, но тој има право на жалба до повисоките судски инстанци и нема да замине зад решетки се додека не бидат исцрпени сите правни механизми.

Робињо, кој во кариерата играше и за Сантош, Реал Мадрид, Манчестер сити  за Гвангжу Евергранде, сега е член на бразилскиот клуб Атлетико Минеиро.

Се вчитува...