Шок за Рома: Карсдорп пак го повреди коленото

Рик Карсдорп дефинитивно нема среќа со повредите откако на својот камбек на терените десниот бек на Рома веднаш заработи нова тешка повреда на коленото. Холандскиот интернационалец поради проблеми со лигаментите на десното колено веднаш по потписот со Рома мораше да биде опериран, а по неколку месеци пауза тој настапи во стартниот тим на синоќешниот дуел со Кротоне.

Тренерот Ди Франческо го повлече Карсдорп од игра на десетина минути до крајот и Холанѓанецот во тие моменти не се жалеше на повреда, но по мечот тој се пожалил на болка во коленото, а прегледите покажале нов сериозен проблем.

Веднаш по дуелот со Кротоне, Рик Карсдорп беше посетен од нашиот медицински тим. Тој се жалеше на болка во левото колено, а прегледите покажаа дека станува збор за проблем со лигаментите. Во текот на денот врз него ќе биде извршен уште еден специјалистички преглед, по што ќе се избере третманот, а ќе биде појасно и колку ќе изнесува паузата на Карсдорп од терените“ – соопштија од римскиот клуб.

Се вчитува...