Шок за семејството на екс-претседателот на Реал: Телото на Санс загубено на пат кон крематориумот

Наспроти целокупниот хаос во кој се наоѓа Шпанија во битката со коронавирусот, дополнителен шок за семејството на поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс.

Во целокупниот хаос во Мадрид, како што информираат шпанските медиуми, загубено е телото на Санс на пат кон крематориумот.

Поранешниот претседател на Реал почина на 21. март од коронавирусот, а кремацијата била закажана за 24. март во Сан Изидри. Поради голема бројка на починати, семејството во последен момент одлучило таа да се изврши на 40 километри од Мадрид, во Ескоријал. Но, во моментите на промена на местото се губи секој траг на телото. Да биде шокот за семејството уште поголем потврдено е дека дошло до грешка во евиденцијата, па сега мали се шансите телото на Санс воопшто да биде пронајдено.

Се вчитува...