Шок за семејството Шумахер: Мик го губи местото во Формула 1

Мик Шумахер ќе го загуби местото во Формула 1 за следната сезона. Информацијата и натаму не е службено потфрдена, но светските медиуми веќе пишуваат дека ова ќе биде исходот.

23-годишниот Германец, син на легендарниот Михаел Шумахер, не ги импресионирал своите работодавци во двете сезони. Само два пати освојуваше бодови, а повеќе внимание предизвика со несреќите кои екипата на Хас скапо ги плаќаше.

Последните месеци се пишуваше дека Мик ќе добие отказ од Хас, но нема да заврши во ниту една екипа, а сега таа информација е потврдена од лице блиско до тимот и до сопственикот Гунтер Стејнер.

Евентуално Мик може да добие статус на резервен возач. Замената за Мик следната сезона би можела да биде Нико Хулкенберг, искусниот германски возач кој има 181 трка во Формула 1.

Се вчитува...