Шок за Сенегал: Садио Мане го пропушта Светското првенство

Садио Мане нема да настапи на Светското првенство во Катар поради повредата стекната на вчерашниот натпревар во Бундеслигата помеѓу неговиот Баерн Минхен и Вердер, пренесува францускиот „Л’Екип“.

Сенегалецот се повреди во дуел со противнички стопер, а и покрај тоа што се обиде да продолжи по укажаната лекарска помош, мораше да биде заменет во 20. минута. Деталните прегледи утврдиле дека станува збор за сериозна повреда поради која нема да биде во комбинација за настап за Мундијалот.

Наскоро се очекува информацијата да ја потврди и самиот Мане.

Се вчитува...