Шок за ЦСКА – Москва падна првпат од 2017 година

Кошаркарите на ЦСКА Москва загубија на домашен терен со 93-76 во 18. коло од Евролигата од Макаби Тел Авив.

ЦСКА доживеа прв пораз на домашен терен во Евролигата уште од ноември 2017 година кога загуби од Фенербахче по продолжение. Во меѓувреме, на официјалните натпревари московјаните на домашен терен загубија само уште еднаш, во ВТБ лигата од Локомотива Кубањ, исто така минатата сезона.

Рускиот тим одигра крајно лошо на денешниот дуел во втората четвртина, на полувремето заминувајќи со заостаток кој успеа некако да го надполни во третиот период. Сепак, домашните кошаркари прописно се посрамотија во последната четвртина доживувајќи го еден од најубедливите порази во Русија во поновата историја.

Победата на Макаби беше апсолутно тимска. Зусман постигна 15 поени, дополнети и со шест скока, Џони О’Брајант дополни со 14 поени, а Алекс Тајус запиша 12 поени. Најдобри во поразениот тим беа Нандо де Коло и Вил Клејбурн со по 16 поени.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...