Шокантни детали за последните денови на Марадона – „Три дена беше заклучен во соба, а буквално никој…“

Адвокатот на медицинската сестра која се грижеше за Диего Армандо Марадона објави информации за последните денови на животот на легендарниот фудбалер. Правниот застапник на Дајана Мадрид, Родолфо Бејк, ја бранеше својата штитеничка која беше повикана да даде изјава.

„Пациентот Марадона не сакаше да биде прегледан. Околу него немаше личност со функција клинички доктор, туку само психијатар. Мојата клиентка почна да работи кај Марадона десет дена пред неговата смрт. Од почетокот говореше дека тој бил заклучен во соба. Никогаш, освен првиот ден, Дајана лично не му пријде. Неколку дена пред смртта Марадона падна и ја удри главата. Ударот не беше јак, и тој падна на десната страна т.е. спротивната од таа која му беше оперирана. Никој не повика брза помош, можеби тоа беше негова одлука, но тој не беше во позиција да одлучува. Марадона три дена беше заклучен во соба, дури и без телевизор. Неговиот пулс беше 109, а јасно е дека луѓе со срцеви болести не смеат да имаат пулс поголем од 80. Можеше да биде во најлуксузна клиника во светот, а тој беше во место кое не е за тоа. Да не беше таму, денеска може ќе беше жив“, заклучи адвокатот Бејк. 

За потсетување Марадона минатата среда почина на 60 годишна возраст.

Се вчитува...