Шокантни најави од Англија: Гвардиола заминува од Сити до крајот на неделава!?

Неверојатни најави стигнуваат од Англија, каде што познатиот новинар Ричард Кис, тврди дека Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити во следните денови. Наводно Шпанецот бил многу разочаран по поразот од Манчестер Јунајтед, па размислува да го напушти клубот.

Тимот на Гвардиола беше поразен со 2:0 на гостувањето кај Манчестер Јунајтед, а Мбеумо и Доргу ги постигнаа головите во победата на тимот.

Тоа беше идеален почеток за Мајкл Карик на клупата на Манчестер Јунајтед, додека за Пеп Гвардиола тоа беше голем удар во борбата за првото место.

Сити со тоа го претрпе својот петти пораз во Премиер лигата оваа сезона и сè уште немаат победа во лигата во 2026 година.

Гвардиола реши да признае дека Манчестер Јунајтед е подобар тим и дека неговите играчи не покажаа многу на овој натпревар.

„Не ја исклучувам можноста Пеп Гвардиола да замине до крајот на неделата, постојат индикации и доколку тоа се случи, Енцо Мареска веднаш би го заменил својот поранешен ментор за натпреварот против Вулверхемптон“, рече Кис.

Се вчитува...