Шокантно: Федерер загубил 200 милиони долари!

Роџер Федерер подолго време е надвор од терените, повредата на коленото предизвика сомнеж дали тој воопшто повторно ќе заигра тенис, а според последните информации, на Швајцарецот не му оди најдобро ниту на бизнис-полето.

Медиумите во Швајцарија тврдат дека Федерер загубил вистинско богатство во последните години, по една лоша инвестиција во татковината, во компанијата за спортска опрема „On” со седиште во Цирих. Иако официјално не се открива колкав процент од сопственоста е на легендарниот тенисер, бројките на негова вкупна загуба на берзата се огромни.

„Вредноста на акциите беше 39,95 долари, а во меѓувреме падна на 17,37 долари. Загубите се огромни, но не само во овие акции. Според одредени пресметки, Федерер има претрпено загуба од околу 200 милиони долари. Мора да се истакне, овие бројки не значат дека тој е лош бизнисмен, бидејќи врз движењето на берзата сериозно влијание имаше и војната во Украина. Затоа, овие 200 милиони се моментна загуба, но ситуацијата би можела да се подобри“, пишуваат швајцарските медиуми за Федерер.

Се вчитува...