Конфликтот на Мохамед Салах со Арне Слот и со управата на Ливерпул се уште е главна тема во европската фудбалска јавност, „црвените“ се подготвуваат за дуелот со Брајтон, а се уште е неизвесно дали „фараонот“ воопшто ќе се најде во тимот за овој меч откако беше изоставен за пресметката со Интер во ЛШ.
Во меѓувреме, германскиот весник „Билд“ тврди дека ваквиот однос на Салах, но и слабите игри на стартот од сезонава се должат на љубомората што клупската легенда ја чувствува кон Флоријан Вирц.
Имено, Салах се чувствувал навреден што медиумите, но и луѓето во клубот го опишувале Вирц како „играч за иднината на Ливерпул“, што тој го сфатил како лична навреда откако минатата сезона го предводеше Ливерпул до титулата.
Салах смета дека заслужувал поголема почит пред се од луѓето во клубот и очигледен бил неговиот „ладен“ однос кон Вирц на тренинзите, но и себичноста на Салах кон Германецот во акциите од стартот на сезонава.
Неофицијално, Салах ќе има рок до утре да се извини доколку сака да биде вратен во првиот тим, во спротивно ќе остане на трибините за дуелот со Брајтон, по што ќе отпатува на Купот на Африкански Нации, со огромни шанси да биде продаден на самиот почеток на 2026 без да одигра уште еден меч за Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

