Шоу на Белгијците на „Хемпден парк“… (ВИДЕО)

Белгија приреди вистинско шоу славејќи против Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов со убедливи 0-4.

Дури и со малку комбиниран тим од страна на селекторот Роберто Мартинез, Белгија изгледаше пресилна за Шкотите кои на крајот беа среќени што поразот не беше и поубедлив.

Првиот гол беше рутинска реализација на Лукаку во 28. минута, а во второто полувреме следеа уште три погодоци за гостите. На почетокот од вториот дел Еден Азар запиша гол за 2-0, а само шест минути подоцна Батчуаји на асистенција на крилниот офанзивец на Челси зголеми на 3-0. Батчуаји, кој на полувремето го замени Лукаку, во 60. минута го постигна својот втор гол за конечни 4-0….

Се вчитува...