Шоу на Бенедето во триумфот на Марсеј над Ним (ВИДЕО)

Диего Бенедето е херојот на Олимпик Марсеј во триумфот над Ним на гостински терен од 2-3 во премиерниот натпревар од 27. коло во француската Лига 1. Натпреварот почна лошо за гостите, откао домаќините преку Ферхат во 5. минута поведоа со 1-0. Сепак, на сцена се појави Диего Бенедето кој со својот прв хет-трик во синиот дрес донесе нови три бода за Марсеј.

Прво во 10. минута стрелаше за израмнување на 1-1, а во 36. минута донесе водство од 1-2, резултат со кој се замина на полувреме. Дилемите околу победникот Бенедето ги реши со својот трет погодок во 69. минута. До крајот Део успеа само да го ублажи поразот за конечни 2-3. За Ним повторно во тимот не беше македонскиот интернационалец Влатко Стојановски.

Со оваа победа Марсеј прави предност на втората позиција на првенствената табела со освоени 55 бода со кои е чекор поблиску до пласман во Лигата на шампионите следната година. Ним останува 18. со 27 освоени бода.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...