Шоу на Дурант и Харден во Торонто, Милвоки поразен во Вашингтон

Актуелниот шампион во НБА лигата Милвоки беше поразен во Вашингтон од Визардс со 101-94, а особено се истакна Бил со 30 поени и осум скока. На Милвоки не му помогна ниту одличниот Џенис Адетокумбо, кој запиша 29 поени и 18 скока.

Кошаркарите на Бруклин го победија Торонто на гости со резултат 116-103, а Кевин Дурент и Џејмс Харден постигнаа половина од поените за Нетс.

Гостите беа предводени од одличниот тандем со серија од 22-7. Избраниците на Стив Неш без поголеми потешкотии ја задржаа предноста до крајот.

Орландо ја победи Јута со 107-100, блескаше Ентони Кол со 33 поени, како и Вендел Картер со 22 поени и 15 скока. Бојан Богдановиќ додаде 13 во поразот на својот тим. Индијана беше подобра од Сакраменто 94-91, голем удел во триумфот на „Пејсерси“ имаше Левер со 22 поени, исто колку што постигна Барнс на другата страна.

Лос Анџелес Клиперс славеше над Шарлот со 120-106, а во победничкиот тим се истакна Ивица Зубац со 14 поени и 11 скока.

 

 

 

Се вчитува...