Шоу на Лејно – Ѓер во ново финале во Лигата на шампионите

Актуелниот европски шампион Ѓер е првиот финалист на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, откако во првото полуфинале го декласираше норвешкиот Вајперс Кристиасанд со 31-22.

Одличната одбрана на стартот на мечот беше клучот за успехот. Во првите 13. минути Ѓер прими само два гола (8-2), а свое шоу на голот на унгарскиот шампион имаше Амандин Лејно која забележа шест одбрани. До крајот на полувремето продолжи доминацијата на Унгарките кои на одмор заминаа со убедливи десет гола разлика (18-8).

Во второто полувреме актуелните европски шампионки рутиснки го приведоа мечот до крај, за конечни 31-22.

Најефикасна во таборот на Ѓер беше Kери Скар Братсет со осум гола, а одлична на голот беше и поранешната Вардарка, Амандин Лејно која забележа 13 одбрани. Кај поразените најдобра беше Емили Арнцен со пет гола.

Во второто полуфинале на Ф4 турнирот во 18 часот ќе се сретнат рускиот Ростов Дон и францускиот Мец.

Се вчитува...