Шоу на Расел Вестбрук, уште една одлична партија на Јокиќ… (ВИДЕО)

Расел Вестбрук повторно имаше свои шоу во НБА запишувајќи нов „трипл-дабл“ во победата на Вашингтон од 116-131 против Орландо.

Вестбрук натпреварот го заврши со 23 поени, 14 скока и 15 асистенции.

Денвер, пак, со 106-96 славеше против Сан Антонио. Сега веќе по навика, прво име во редовите на Денвер е Никола Јокиќ со 25 поени, дополнети и со девет скока и 10 асистенции.

Хјустон во интересен дуел го изненади Далас и славеше со 102-93. Вол со 31 поен беше најефикасен кај Хјустон, а на спротивната страна Лука Дончиќ постигна 23 поени.

Во останатите синоќешни натпревари, Индијана ја победи Минесота со 141-137, Бостон го победи Њујорк со 101-99, Бруклин славеше против Њу Орлеанс со 139-111, Мемфис на гостински терен славеше против Атланта со 113-131 а Шарлот на гости ја победи Оклахома со 102-113. Феникс по продолжение на домашен терен ја победи Јута со 117-113.

Се вчитува...