Селекторот на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике го објави списокот на играчи на кои смета за завршниот турнир во Лигата на нации. Листата на повикани имиња го вклучува името на Пабло Мартин Панзе Гавира попознат како Гави.
Станува збор за фудбалер на Барселона кој со овој повик стана најмладиот фудбалер во историјата кој се најде на списокот на сениорската екипа. Гави има 17 години и 62 дена и е првиот од генерацијата родени 2004 година, кој ќе игра за една сениорска селекција.
Пред Гави, најмладиот Шпанец беше Анхел Зубиета, кој беше на списокот на сениорска репрезентација на возраст од 17 години и 284 дена во 1936 година. Енрике веќе претходно најави дека Шпанија почнува да ја подмладува репрезентацијата, за што сведочи списокот за претстојните октомвриски натпревари.
‼️Gavi cumplirá 17 años y 62 días cuando nos enfrentemos a Italia‼️
El jugador más joven en la historia de la selección española sigue siendo Ángel Zubieta desde 1936 (jugó un amistoso con 17 años y 284 días contra Checoslovaquia en Praga). pic.twitter.com/s0zIj9ahrk
— MisterChip (Alexis) (@2010MisterChip) September 30, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА