Шпанија на ЛОИ во Токио ќе биде предводена од Пау Гасол! (ФОТО)

Селекторот на шпанската кошаркарска репрезентација, Серхио Скориоло го објави списокот од 18 кошаркари на кои ќе смета за престојните натпревари на Летните олимписки игри во Токио, а на него е и легендарниот Пау Гасол.

Гасол оваа година се врати во европската кошарка и го облече дресот на Барселона со која го освои шпанското првенство, а 40-годишникот сега ќе се обиде да стигне и до првото злато на Олимписките игри.

На списокот на Шпанија нема осум играчи кои го предводеа составот во злато на Светското првенство 2019 година – Рики Рубио, Серхио Љуљ, Руди Фернандес, Виктор Клавер, Хуанчо и Вили Ернангомес, Марк Гасол и Пјер Ориола.

Покрај Пау Гасол во тимот се враќаат и Серхио Роберто и Алекс Абринес, додека на ЛОИ ќе дебитираат Усман Гаруба и Серџи Мартинес.

Се вчитува...