Шпанија остана без муниција – Зеленортски острови до историски бод на Мундијалите! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шпанија и Зеленортски острови одиграа без голови 0-0 во премиерниот меч за двете репрезентации како дел од 1. коло од Х групата на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Шпанците доминираа во првото полувреме. Упатија дури 13 шута кон голот на противникот, но Зеленортски острови храбро се бранеа па по 45 минути успеаја да останат во егал со големиот фаворит.

Во вториот дел селекторот на „црвената-фурија“ Де Ла Фуенте мораше да го внесе и Ламин Јамал кој е рековалесцент, но и тоа не им помогна на Шпанците. Зеленортски острови се одбранија и стигнаа до првиот историски бод во првиот настап на Мундијалите.

Mikel Oyarzabal chance against Cape Verde 88'
byu/977x insoccer

Се вчитува...