Шпанија со реми против Египет, Мексико ја „посрамоти“ Франција (ВИДЕО)

Шпанија одигра без голови 0-0 против Египет во 1. коло од фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио. Иако статистички Шпанците беа далеку подобар противник, не успеаја тоа да го материјализираат и на крајот мораа да се задоволат само со бод од првиот меч на игрите.

Дополнителен проблем за селекторот на „црвената-фурија“, Де ла Фуенте е и тоа што уште во првото полувреме поради повреда остана без Мингеза и Себаљос.

Франција на стартот на игрите во Токио загуби од Мексико со 1-1. Мексиканците поведоа со 2-0 со головите на Вега во 47. и Кордова во 55. минута. Жињак од пенал во 69. минута за момент намали на 2-1. На два гола разлика Мексиканците повторно дојдоа во 80. минута со голот на Антуња, додека конечните 4-1 ги постави Агире во 91.

 

 

 

 

 

Се вчитува...