Шпанската влада одлучи: Ла Лига се враќа на 8. јуни

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска даде зелено светло за враќање на Ла Лига, од 8. јуни.

Санчез информирајќи ја јавноста за моменталната ситуација во Шпанија со коронавирусот, информираше дека веќе има конкретен датум по кој може да се врати фудбалот на Пиринејскиот полуостров.

Веќе е извесно и дека Ла Лига ќе се врати со големото дерби на Севилја меѓу Бетис и Севилја. Сезоната во Шпанија е прекината по 27 одиграни кола. Барселона е на првата позиција со 58 бода, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...