Шпански судија предизвика бурни реакции: „90% од судиите отворено го фаворизираат Реал“

Поранешниот истакнат шпански судија Итуралде Гонзалес анализирајќи ја денешната ситуација со фудбалските судии во Шпанија, но и во Европа, го навлече гневот на фановите на Реал Мадрид.

Гонзалес нагласи дека дури 90% од судиите се отворено на страната на Реал Мадрид, па веќе и без желба да го прикријат тоа. Според Гонзалес „кралевите“ отворено се протежираат од страна на судиите.

„Во Шпанија дури 90% од судиите се на страната на Реал Мадрид, а 10% се наклонети кон Барселона. И тоа го знаат сите меѓу судиите“ – е изјавата на Гонзалес која предизвикаа бројни реакции по социјалните мрежи.

Но, сето тоа не е нешто ново за овој шпански судија. И пред шест години Итуралде го навлече гневот на фановите на Реал тврдејќи дека „кралевите“ добиле подарок победи од судиите на неколку натпревари во Ла Лига.

Се вчитува...