Шпанскиот феномен го победи српското изненадување за историја на Мастерс-турнирите

Феноменалниот шпански тинејџер Карлос Алкараз, кого Рафаел Надал го прогласи за свој наследник, се избори за полуфинале на Мастерсот во Мајами со победата во извонреден меч против Миомир Кецмановиќ.

По дваипол часа игра, Алкараз славеше со 6-7,6-3,7-6, и на тој начин, стар само 18 години, 10 месеци и 26 дена, стана трет најмлад полуфиналист во историјата на еден од најсилните турнири во светот. Тоа претходно им успеало само на Ѓоковиќ, Федерер и Мареј.

За Алкараз ова е 16-та победа во 18 меча оваа година. Во 2022 година подобар од него беше само Надал. Во полуфиналето го чека бранителот на насловот, Хуберт Хуркач, кој во четвртфиналето славеше над Данил Медведев на тој начин откраднувајќи му ја првата позиција на АТП листата.

Се вчитува...