Реал Мадрид вчера направи голем чекор назад кон титулата во Ла Лига. Иако имаше можност со две победи да ја престигне Барселона на табелата, тоа сега не може да се случи. „Кралевите“ се поразени во Билбао од Атлетик, и така останаа со четири бода заостанување и со еден меч помалку во однос на ривалот.
Престојот во Баскија заврши со пораз за тимот на Анчелоти. Тоа беше втор неуспех за Реал, а згора на тоа имаат и три нерешени средби. Во исто време многумина го посочуваат Килијан Мбапе како виновник, со оглед дека промаши пенал, а игра во лоша форма, односно не пружа партии какви што се очекува од него.
„Ја преземем одговорноста, време е да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум“, изјави Мбапе.
Сепак, медиумите ја пренасочија вината од Мбапе кон Анчелоти. „Марка“ досега не била вака критички кон тренерот на Реал. Дали Мадрид му го врти грбот на Италијанецот?
Порталот вчера излезе со наслов: „Анчелоти е полош од Мбапе“, алудирајќи дека работите не функционираат поради тренерот.
„Лесно е секогаш да се насочи кон Килијан и да не се зборува за вистинскиот проблем, а тој е во самиот план на тимот. Или подобро, во недостаток на план. Што дури игра Реал? Три и пол месеци од конкуренцијата помина и никој не знае како да одговори на тоа прашање“, пишува Марка, сметајќи дека Реал победува премалку и дека е неприфатливо тимот да има пет порази во овој дел од сезоната.
Исто така „Марка“ удри и по раководството, кое не успеа да најде замена за Тони Крос.
„Крос се пензионираше, а никој не работеше на наоѓање на алтернатива“, стои во изданието.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА