Шпанските тимови се „ноќна мора“ за Фенербахче во Евролигата

Турски Фенербахче го забележа четвртиот пораз во низа од шпанските тимови во Евролигата откако вечерва Валенсија славеше во Истанбул со 90-86. Иако Турците на полувреме имаа позитива од плус десет 43-33, сепак со лоша игра во вториот дел успеаја да ја прокоцкаат и да забележат нов пораз во елитното натпреварување.

Сем ван Росом со 16 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените со ист учинок го заврши мечот Али Мухамед.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

 

Се вчитува...