Шпанското првенство се прекинува поради судиите?

Судиите во Ла Лига и во Сегунда може да ги бојкотираат натпреварите, во знак на бојкот поради честите критики и напади упатени кон нив. На престојниот состанок судиите ќе ја разгледаат можноста за бојкот на мечевите, што ќе значи и прекин на првенството.

Една од причините за ваков чекор беше неодамнешниот напад на судијата Антонио Позо. Група на играчи на младинскиот тим на Полјас и нивните роднини го нападнале судијата, нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Одлуката се очекува да биде донесена до крајот на денот. Се разгледува можноста и натпреварите да започнат со задоцнување, во знак на протест на арбитрите.

Се вчитува...