Шпанците го објавија списокот за ОИ – Гурбиндо влезе, Канељас отпадна

Шпанскиот селектор Жорди Рибера денеска го соопшти списокот од 16 ракометари кои ќе ги бранат боите на „црвената фурија“ на претстојните Олимписки Игри во Токио.

Новиот член на Вардар, Едуардо Гурбиндо, се најде на завршниот список на Рибера како еден од трите десни бекови, заедно со поранешните „вардарци“ Алекс Душебајев и Хорхе Македа. За разлика од нив, поранешниот член на Вардар, Жан Канељас поради повреда нема да настапи на ОИ во Токио.

Добра вест за шпанскиот национален тим е враќањето на Агинагалде, чие искуство може да биде драгоцено на ова големо напреварување.

Се вчитува...