Шпанците одлучија: Следните две кола пред празни трибини, Реал Мадрид најоштетен

Шпанските власти преземаат се посериозни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, па така денеска беше донесена одлука за следните две кола од Примера Дивизион да се играат пред празни трибини. На оваа тема се дискутираше и во текот на минатата седмица, за сега конечно да се пресече и да се донесе одлука, следните два викенди да нема навивачи на трибините.

По овие два викенди ќе следи репрезентативна пауза, по што дополнително ќе биде разгледана ситуацијата и ќе се реши дали во месец април ќе се вратат навивачите на трибините или пак ќе се продолжи со натпревари без публика.

Од ваквиот развој на настаните најоштетен е Реал Мадрид, со оглед на фактот дека „кралевите“ следните две средби ќе ги играат на домашен терен против Еибар и Севилја, па ќе претрпат значителни финансиски загуби со оглед на фактот дека билетите веќе се распродадени, но сега ќе мора да се вратат парите на навивачите.

Барселона следното коло ќе гостува на Мајора, по што на домашен терен ќе го пречека Леганес.

Се вчитува...