Шпанците до Пјаниќ: Ла Лига не е за тебе

Миралем Пјаниќ пристигна во Барселона со големи очекувања, но тоа сепак не успева да го покаже на теренот. Босанскиот плејмејкер дојде од Јувентус во замена за Артур, се очекуваше тој да биде стандарден во средниот ред крај Де Јонг, но Пјаниќ со своите изданија воопшто не го импресионираше стручниот штаб на каталонскиот гиган.

„Ла Лига не е за Пјаниќ, барем така гледа на тоа Роналд Куман“, пишува мадридскиот весник „Ас“, кој понатаму наведува дека по една четвртина од шампионатот, репрезентативецот на БиХ поминал само 158 минути на теренот во првенствените натпревари.

Новинарите на „Ас“ се изненадени што Куман се реши да го стави Педри во средниот ред на мечот против Осасуна, а потоа на теренот го внесе и Бускетс кој се враќаше од повреда, па Пјаниќ седеше на клупата цел натпревар. Очигледно е дека Куман сè уште нема целосна доверба во искусниот играч за врска откако го остави на клупата против Осасуна, иако не е повреден.

„Овој третман е понижувачки за играч со карактер кој сака да се чувствува важен. Куман сака поголема посветеност од него, подобри настапи, но пред се поголема концентрација”, пишува мадридскиот весник.

Се вчитува...