Фудбалската репрезентација на Шпанија непријатно ги изненади своите навивачи откако одигра разочарувачки 0-0 против селекцијата на Зеленортските Острови, која е дебитант на Светското првенство.
Избраниците на Луис де ла Фуенте ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар, континуирано напаѓаа и создаваа шанси, но нивната реализација беше катастрофална. Напаѓачите на „црвената фурија“ не успеаја да го пробијат бедемот на аутсајдерот, што предизвика бран од жестоки критики и револт во шпанската јавност. Медиумите и фановите веќе упатуваат сериозни критики кон селекторот и играчите за безидејноста во нападот.
„Светски срам. Оваа Шпанија нема душа, импотентна е. Каков слаб почеток на Мундијалот. Голманот Возиња е играч на натпреварот“, пишуваат шпански „АС“ и „Марка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
