Шпанците воведоа фајналфор во Супер-купот, ќе се игра во друга држава

Претседателот на Шпанската Фудбалска Федерација, Луис Рубиалес, не успеа да ја истурка идејата за одигрување на еден натпревар во САД, но сега е подготвен за воведување на коренити промени во Супер-купот на Шпанија.

Со оглед на фактот дека станува збор за натпреварување директно под капата на федерацијата, Рубиалес донесе одлука наместо досегашниот двомеч, да биде воведен фајналфор турнир од четири екипи што пред секоја сезона ќе се натпреваруваат за големиот трофеј. На него ќе учествуваат најдобрите две екипи од „Ла Лига“, како и финалистите од „Копа дел реј“, а планот е оваа идеја да се реализира веќе од август 2019 година.

Идејата е овој турнир да се одржи надвор од Шпанија, за „Ла Лига“ дополнително да добие на популарност непосредно пред стартот на новата сезона. Точната локација на одржување на првиот фајналфор од Супер-купот на Шпанија ќе биде обелоденета во месец април, на Собранието на Шпанската Фудбалска Федерација.

Се вчитува...