Штербик: Не згрешив што ја напуштив Србија, гледам по Марсениќ и Абутовиќ…

Арпад Штербик со својот блесок на ЕП 2018 уште еднаш ја потврди својата класа, обединувајќи ги европските круни на клупско и на репрезентативно ниво. И додека за врвниот голман се нижат комплименти од сите страни на Европа, горчина доаѓа единствено од Србија, земјата чија репрезентација Арпад ја напушти за да земе шпански пасош.

За оние српски фанови кои кампањски го следат ракометот, Штербик е издајникот кој ги променил репрезентативните бои. Сепак, за оние подобро упатените Арпад е голем ас кој не сакаше да се бори со ветерниците во српскиот ракомет и побегна, како многумина пред и многумина после него.

Во интервју за српскиот весник „Новости“, Штербик отворено говори зошто и до ден денеска цврсто стои зад својата одлука, исправноста ја гледа и во односот кон неговите соиграчи од Вардар, Илија Абутовиќ и Мијајло Марсениќ, кои се уште се дел од српскиот наицонален тим.

Луѓето го паметат она негативното, кај нас се гледа само црното. Причината поради која решив да не бранам повеќе за Србија се уште е присутна во нашиот ракомет. Кога ќе ги видам Марсениќ и Абутовиќ по враќањето од репрезентациите во клубот, знам дека не сум згрешил. По два-три месеци не можеш да се опоравиш од „плукањето“, критиките, лошиот систем… Па те напаѓаат дека во клубот даваш повеќе, а никој не ја гледа широката слика, каков е системот во тој клуб, зошто таму сите играат подобро. Искрено, по таа одлука долго имав чувство дека му должам нешто на српскиот ракомет, најмногу поради репрезентативните колеги. Веќе неколку години наназад кај мене нема сомнеж дека сум ја донел вистинската одлука“ – истакнува Штербик.

Се вчитува...