Штербик пристигна во Веспрем (ФОТО)

Арпад Штербик од денеска ја почнува својата авантура во Веспрем, откако доскорешниот голман на Вардар денеска и официјално беше промовиран во нов чувар на мрежата на унгарскиот ракометен гигант.

Штербик лани го предводеше Вардар до тронот на ракометна Европа, но откако стана јасно дека поради финансиски проблеми „црвено-црните“ ќе мораат да го намалат буџетот, тој веднаш почна да ги разгледува опциите за продолжување на кариерата.

Од многуте понуди тој ја избра онаа на Веспрем, тим за кој веќе има настапувано во периодот од 2001 и 2004 година. Штербик за соиграч во новиот клуб ќе го има и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, со кого една сезона настапуваше заедно и во Вардар.

Се вчитува...