Штерјовски: Мечот со Академија Пандев е шанса Пелистер да излезе од резултатската криза

Битолски Пелистер ќе и гостува на Академија Пандев во натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. И двата тима се во резултатска криза, па затоа овој натпревар ќе биде од големо значење. Тренерот на битолчани Зоран Штерјовски смета дека овој меч е од пресудно значење и за двата тима, но дека Пелистер е во подобра ситуација бидејќи и бод ќе биде добар резултат.

„Влеговме во резултатска криза во последните мечеви. Овој меч со Академија Пандев ќе биде шанса за да ја надминеме кризата. Ќе биде интересен и израмнет натпревар во кој се надевам дека на крајот ние ќе славиме. За нас и нерешено ќе биде добар резултат бидејќи ќе ја задржиме предноста во борбата за опстанок, но се разбира како и на секој меч одиме на победа. Се разбира се уште прва цел на тимот останува опстанок во лигата“, вели Зоран Штерјовски. 

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Пелистер ќе се игра во недела во 13 часот на Спортскиот центар „Пандев“ во Струмица.

Се вчитува...