Штерјовски: Штета што не го искористивме прекрасниот амбиент за победа со Шкупи

Победа по речиси една години повторно се врати во својот Прилеп. По подолго време „црвените“ одиграа прволигашки натпревар во Прилеп, на теренот на Паркот на победниците „Могила“, ремизирајќи (1-1) со Шкупи.

Тренерот на Победа, Зоран Штерјовски жали што прекрасниот амбиент не бил искористен за триумф, затоа што неговиот тим имал повеќе можности да дојде до трите бода.

„Мислам дека во текот на сите 90 минути бевме подобар противник. Шкупи се покажа како жилав противник, кој знаеше добро да го чува својот гол. Видовме и сами дека еднаш стигнаа до нашиот гол преку стандардна ситуација-слободен удар по страна и го отворија резултатот. Примениот гол мислам дека не влијаеше врз играчите и продолживме да атакуваме кон противничкиот гол. Не искористивме неколку моменти во нападот каде што требаше многу подобро да реагираме. Имавме голем број стандардни ситуации каде мораме многу подобро да се снаоѓаме во нив. А токму од една таква ситуација-прекин на игра, од корнер го израмнивме резултатот. Штета е што не го искористивме овој амбиент кој го создадоа нашите навивачи и прилепската публика. Се надевам доколку вака играме и на наредните натпревари успехот нема да изостане“ – вели Штерјовски.

pobeda - skupi

Победа по 23 кола е на осмата позиција на табелата со 20 бода, единствено пред Македонија ЃП со 16 бода и Брегалница која има 12 бода.

Се вчитува...