Кадетската репрезентација на Македонија за ракометари до 18 години со трагичен пораз го отворија настапот на Европското првенство 2026.
Македонија загуби со 30-33 од селекцијата на Словенија, по неверојатен пад во играта и пресврт во второто полувреме.
Македонските ракометари првиот дел го добија со 18-12, но потоа во вториот дел Словенците добија со 12-21 и успеаја да триумфираат.
Нашите кадети веќе утре ги продолжуваат настапите на Европското првенство, кога ќе се соочат со селекцијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
