Што е тоа корона-криза? Меси со 126 милиони долари заработка во 2020

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси е најплатениот фудбалер во светот за 2020 година според Форбс. Аргентинецот досега во 2020 има заработка од 126 милиони долари. Второто место му припаѓа на Кристијано Роналдо кој досега заработил 117 милиони, а на третото и четвртото место е двоецот на Пари Сен Жермен, Нејмар (96 милиони) и Килијан Мбапе (42 милиони).

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах е петти со заработка од 37 милиони долари, а во топ 10 уште се наоѓаат и Пол Погба (34 милиони), Антоан Гризман (33 милиони), Герет Бејл (29 милиони), Роберт Левандовски (28 милиони) и Давид де Хеа (27 милиони).

 

Се вчитува...