Ѓоковиќ и Надал ќе се сретнат во Казахстан, па ќе направат смена на врвот на АТП листата

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал на 24. октомври во Казахстан ќе одиграат егзибициски натпревар. Првиот и вториот тенисер на светот ќе се сретнат во престолнината на Казахстан, Нур-Султан. На денот на мечот Србинот и Шпанецот ќе имаат прес-конференција на пладне, а потоа следува „тенис-мастерклас“ со децата. Главниот меч е закажан за 19 часот по локално време.

Поради егзибицискиот турнир во Нур-Султан,  ниту Ѓоковиќ, ниту Надал не можат да се пријават за турнирите во Виена и Базел кои се дел од АТП серијата 500. Поради тоа Ѓоковиќ на 4. ноември ќе мора да му го препушти првото место на АТП листата на Рафаел Надал.

Следниот турнир на кој ќе учествуваат двајцата тенисери е Мастерсот во Париз кој почнува на 28. октомври.

Се вчитува...