На поранешниот играч на Реал Мадрид, Гути, не му е јасна желбата на кралскиот клуб да го доведе Килијан Мбапе, кога веќе го имаат Винисиус Јуниор. Мбапе моментално е член на Пари Сен Жермен и има договор со францускиот клуб до јуни 2025 година.
Напаѓачот на „светците“ наводно преговарал со Реал минатата година, но решил да ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен. Некои медиуми изминативе денови најавија дека Мбапе би можел да премине во Реал на крајот на оваа или во јуни следната година.
„Не знам зошто Реал го сака Мбапе кога го има Винисиус. Мбапе е одличен фудбалер, но Винисиус е подобар. Тој е побрз, технички подобар, постигнува повеќе голови, има повеќе асистенции. Бразилецот е поодлучен и поконстантен, а неговата моментална форма е неверојатна“, изјави Гути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА